Драган Мијалковски - „Те љубам“
МАКФЕСТ 1987
Музика: Дане Данев
Текст: Дане Данев
Аранжман: Лазо Ристовски
Драган Мијалковски е најпознатиот македонски хит-мејкер, кој својата популарност ја стекна уште во времето на СФР Југославија. Роден е во хрватскиот град Bjelovar, но на двегодишна возраст доаѓа да живее при својата мајка во Скопје, откако неговите родители се развеле. Завршил нижа музичка школа, а во 1963 година ја купува првата гитара и почнува да свири мексикански песни, кои во тоа време биле популарни. Како тинејџер, го формира својот прв бенд „Среќни баксузи“, за подоцно да биде повикан да членува во скопскиот бенд „Ленка“. По пријавувањето на тогашното ТВ шоу „Бираме млади таленти“, започнува неговиот успех во музичката кариера.
Драган Мијалковски настапувал на сите еминентни фестивали на југословенската поп сцена, соработувајќи со врвни имиња од естрадата. Освен со поп музика, остави длабоки траги и во фолк музиката, настапувајќи на неколку фолк фестивали во Македонија. Неговите песни се евергрин, а и денес се слушани исто како и во времето, кога беа создадени.
Comments