„Интервали“ - „Ана“
МАКФЕСТ 1987
Музика: Славе Димитров
Текст: Ѓоко Георгиев
Аранжман: Славе Димитров
„Интервали“ се македонски поп бенд од Струмица, кој е формиран во 1974 година. Мирче Чучков и Снежана Момчиловиќ, како вокали, се придружуваат во 1982 година. Во 1984 година ја прават првата снимка за продукцијата на РТ Скопје за песната „Венчавка“.
Во 1986 година учествуваат на Југословенските денови на поп музиката во организација на Југословенската радио телелвизија со композицијата „Не сум јас оној принц“, чиј комплетен автор е Славе Димитров. Истата година учествуваат на ТВ Спот Фест со песната „Ти имаш небо“, а во 1987 година тие победуваат на истиот фестивал со песната „Дај, поведи ме“.
„Интервали“ учествувале 9 пати со ред на фестивалот МАКФЕСТ.
На Vaš Šlager Sezone во Сараево во 1988 година настапиле со песната „Nemoj me buditi", а два пати настапувале на југословенскиот избор за песна за Евровизија, и тоа во 1989 година со песната „Оган гори“, заедно со Zdravko Škender, и во 1990 година со песната „Како магија“.
Својот прв носач на звук го издаваат во 1991 година и од тогаш започнува нивната соработка со Љупчо Мирковски. „Интервали“ настапувале и на сите пет изданија на Interfest Битола (1992 - „Бел лебед“, 1993 - „Избриши го моето име“, 1994 - „Слатка тајна“, 1995 - „Сибирски ноќи“, 1996 - „Две срца вљубени“ - Трета награда од публиката ), а настапувале и на Скопскиот фестивал, Еврофест, Охрид фест... Подоцна издаваат и две CD компилации со нивните хитови. Во 2009 година Мирче Чучков реализирал соло проект со традиционални македонски народни песни, а во 2012 година го издаваат и последниот албум.
Comments