Skip to playerSkip to main content
  • 7 years ago
Helena Blagne - „Уништи ме“
МАКФЕСТ 1987

Музика: Кире Костов
Текст: Васил Пујовски
Аранжман: Кире Костов

За прв пат, Helena Blagne јавно настапи на 12-годишна возраст на аматерскиот натпревар „Prvi glas Gorenjske“ во Јесенице. Одлуката да стане професионален пејач придонесе и успехот на нејзината песна „Santa Lucia“, која таа ја отпеа на овој натпревар. Во професионалната кариера влезе во 1986 година, кога ја доби Првата награда од публиката и Првата награда од стручното жири на фестивалот МАКФЕСТ, токму со песната „Кога те нема“. Една година подоцна, на Сплитскиот фестивал ја доби Првата награда на публиката. Таа стана редовен гостин и победник на најголемите фестивали во поранешна Југославија.

По независноста на Словенија, Helena се сврте кон европската публика. Во 1993 година, со песната „Vzemi me nocoj“, („Земи ме вечерва“), гостува на EMI и се рангира на 5-то место. На MMS во 1993 година, се пласира на второто место со песната „Bodi srečen, bambino“. Албумот „Nedotaknjena“ се продал во 30.000 копии во 1995 година. Оваа плоча била два пати прогласена за платинеста. Во 1999 година ја освоила Првата награда на публиката, Првата награда на професионалното жири, како и наградата за најдобра изведба и најпрестижната награда за гран-при на Eurofest со песната „Io sono sola“.

Category

🎵
Music
Comments

Recommended