„Бон тон“ - „Таа мала Маја“
МАКФЕСТ 1987
Музика: Марга Весковска
Текст: Весна Додева
Аранжман: Лазо Ристовски
„Бон тон“ е формиран кон крајот на 1979 година од другарите Томче Тасевски, Златан Симоновски, Дарио Панковски и Виктор Христовски. Во 1980 година ја снимиле својата прва песна „Плочи“. Првиот настап го имале во 1981 година во дискотеката „Турист“, заедно со бендот „Тост сендвич“.
Во 1981 година имале чест да настапуваат на тридневниот отворен фестивал на белградскиот хиподром, како една од предгрупите на „Bijelo Dugme“, а заедно со „Iron Maiden“.
Во 1983 за РТС го снимаат хитот „Добрите девојки“, за чија песна спотот го снимил Тихомир Бачовски. Во 1983 и 1984 година учествуваат на „Рок-Фест“.
Макфестовската „Старо купувам“ од 1986 година е прва песна која не е напишана од тандемот Дарио-Томче, а карактеристично е што на оваа песна за прв пат во улога на тапанар се вклучува Владо Јаневски.
Во 1987 година учествуваат на големиот „Рок спектакл“ на белградска Маракана, заедно со „Зијан“, како претставници од Македонија. Нивниот последен заеднички настап е на МАКФЕСТ 1987 со песната „Таа мала Маја“. По распадот на „Бон тон“, Дарио го промовирал својот нов бенд – „Миг 21“.
Comments