Тања Кочовска - „Еми“
МАКФЕСТ 1987
Музика: Љупчо Мирковски
Текст: Весна Додева
Аранжман: Лазо Ристовски
Тања Кочовска е родена на 21 јануари 1967 година во Скопје. Дипломирала на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски во 1989 година.
Ќерка е на поранешните членови на групата „Мањифико“ - Панче и Невена Кочовски. Нејзина сестра е пејачката Лидија Кочовска.
По дебитантскиот настап на МАКФЕСТ во 1986 година, Тања истата година настапува и на ТВ Спот Фест со песната „Anfan teribl“. Последниот настап на МАКФЕСТ го има во 1999 година со песната „Вистина и лага“. На сите нејзини учества освојува награди и има забележителни настапи.
Освен на МАКФЕСТ, Тања забележува одлични настапи на фестивалот Интерфест во Битола, освојувајќи и тука награди. Во 1994 година учествува и на Скопје Фест. Во овие години прави успешен cover на композицијата „Сиви снегови“ на италијански јазик („Una lacrima eterna“).
Comments