Катерина Николовска, Гоце Мицанов - „Кога ќе дојдеш“
МАКФЕСТ 1987
Музика: Катерина Николовска
Текст: Катерина Николовска
Аранжман: Живојин Глишиќ
Катерина и Гоце Мицанови се претставници на поп и џез музиката од Штип. Како дует дебитирале токму на МАКФЕСТ 1987 година, каде што ја освојуваат наградата од Жири комисијата, потоа наградата за најдобар аранжман (Живојин Глишиќ), како и за најдобар дебитант (Катерина Николовска). Гоце Мицанв претходно работел и во составот „Леб и сол“. Двајцата имаат настапувано и како дуо „Катерина бенд“, исполнувајќи џез-поп музика, притоа настапувајќи речиси на сите македонски музички фестивали. Гоце Мицанов има формирано и свој џез квартет. „Катерина бенд“ во 2002 година го реализирале албумот „По дождот“.
Comments