Skip to playerSkip to main content
  • 7 years ago
Билјана Дамјановска - „Меланхолична песна“
МАКФЕСТ 1987

Музика: Кирил Лазаров
Текст: Анка Николиќ
Аранжман: Stipica Kalogjera

Билјана Дамјановска - Јанчевска е родена во Мостар. Своето музичко деби го имаше на детскиот фестивал „Златно славејче“ во 1972 година со, сега веќе, детскиот евергрин „Еј гулаби, гулаби бели“. Неколку години подоцна учествуваше на југословенскиот фестивал „Omladina“ во Суботица. Има настапувано и на Опатискиот фестивал, како и на сите македонски фестивали: Скопје фест, Макфест, Интерфест, ТВ спот фест. Во 1988 година дебитираше и на Фолк фест Валандово, со што ја започна кариерата и во народната музика.

Во 2014 година стана почесен конзул на Босна и Херцеговина во Македонија. Во 2019 година ја доби наградата „Ајри Демировски“, со што се вброи во списокот на досегашните носители на ова признание: Виолета Томовска, Славе Димитров, Кире Костов, Сефедин Бајрамов, Анета Мицевска... Билјана Дамјановска - Јанчевска на македонската сцена е присутна речиси 50 години.

Category

🎵
Music
Comments

Recommended