Skip to playerSkip to main content
  • 7 years ago
Ефто Пупиноски - „Ден за љубовта“
МАКФЕСТ 1987

Музика: Ефто Пупиноски
Текст: Мирослав Кузман
Аранжман: Миодраг Божиновски

Ефто Пупиноски е роден на 2 јуни 1953 година. Во 1985 година настапувал на ТВ Спот Фест со две песни: „Враќање“ и „Биди добра“. Со „Лихнида кајче веслаше“ дебитантски настапи на Фолк фест Валандово во 1986 година и го освои Првото место од жири комисијата. Оваа песна беше само вовед во неговата кариера и воедно песна, која го направи едно од најпрепознатливите лица во новокомпонираната македонска народна музика. Подоцна, оваа песна беше препеана од Miki Jevremović на српски јазик, како и од Панајот Панајотов на бугарски јазик („Охридското езеро“).

Неговата огромна желба за пеење уште од дете се остварила во професионална кариера и покрај неколкуте неуспешни обиди и одбивање на аудиции за соло пеење. Особено актуелен стана во последните години со неговите стари хитови, пред се со „Туѓа си бескрајно“.

Category

🎵
Music
Comments

Recommended