Simona Weiss - „Врати се“
МАКФЕСТ 1987
Музика: Goran Šarac
Текст: Ѓоко Георгиев
Аранжман: Goran Šarac
Simona Weiss е родена во 1963 година во Марибор, Словенија. Во 1984 година се пријавила во изборот на „Мис на Словенија“ во рамките на „Мис на Југославија“ и го освоила второто место. Поради нејзината љубов кон Goran Šarac, член на групата „Rendez-Vous“, таа се преселила во Љубљана и таму ја започнува својата музичка кариера во 1985 година. Фестивалското деби го имала во Опатија, каде што имала импресивен настап. Следеле покани од други југословенски фестивали. Во 1989 година ја доби наградата МЕЅАМ за интерпретација, а во 1990 година ја доби Втората награда на фестивалот МАКФЕСТ. Истата година издала и ЛП плоча на хрватски јазик.
Во втората половина на 90-тите години, таа стана првата словенечка изведувачка, која настапила во големите спортски сали. На турнејата од 1997 година, таа ги исполни сите 20 словенечки спортски сали, меѓу кои љубљанска „Тиволи“, каде што настапуваше пет пати. Во 1998 година настапи заедно со италијанскиот пејач Al Ban, а во изборот на Stop ја доби наградата за најуспешен музички изведувач. За оваа награда таа беше номинирана 6 пати.
Во нејзината кариера снимила околу 200 песни. Таа издаде 20 албуми во над половина милион тираж.
Simona Weiss е повеќекратен учесник на МАКФЕСТ.
По долга борба со подмолната болест, почина на 19 декември 2015 година во Slovenj Gradec.
Comments