Skip to playerSkip to main content
  • 7 years ago
Верица Ристевска - „За тебе би дала сè“
МАКФЕСТ 1987

Музика: Andrej Baša
Текст: Rajko Šimunović / Благоја Стефановски
Аранжман: Andrej Baša

Верица Ристевска е македонска пејачка на забавна музика. Одреден период од животот работела и живеела во Копенхаген, Данска заедно со нејзиниот сопруг, познатиот македонски глумец, Љупчо Ангелов. Првиот сценски настап на Ристевска бил на Опатискиот фестивал во 1973 година. Била членка на групата „Македонија“ заедно со Сашка Петковска, Даниела Панчетовиќ, Зорица Поп-Панкова, Панче Kочовски и Kирчо Поплазаров. Оваа група била активна од 1975 до 1980 година. Во нивната работна биографија запишани се четири носачи на звук, како и повеќе од 2.000 концертни настапи надвор од земјата. Во 2006 година, Верица го претстави својот прв албум „Летај галебе“, кој содржи 18 композиции, кои, како и пред 25 години, така и денес, се ненадминливи хитови. Првенчето на Ристевска е печатено во 2.000 примероци, но таа најави дека тиражот ќе се зголеми поради големиот интерес на македонската публика.

Некои од најголемите хитови на Верица Ристевска се: „Летај галебе“, „Ти си песна што ќе трае“, „Признај ми“, „Збогум, збогум Марија“, „Без нежност“, „Штом се сака“, „Ти само збори“, „Лондонска средба“, „Спроти недела во стариот татков дом“, „Грешна љубов“, „За тебе би дала сè“...

Category

🎵
Music
Comments

Recommended