Radojka Šverko - „Тебе те нема“
МАКФЕСТ 1987
Музика: Dalibor Paulik
Текст: Željko Reiner, Весна Додева
Аранжман: Stjepan Mihaljinec
Radojka Šverko е родена на 9 април 1948 година, во Пазин, Хрватска. Позната е по раскошниот волумен на гласот, неговата боја и впечатливите настапи на бројните фестивали во поранешна Југославија и странство. За прв пат се појавила на Сплитскиот фестивал во 1970 година со големиот хит „Kud plovi ovaj brod“ на Esad Arnautlić, чија алтернација ја пеела популарната италијанска поп ѕвезда Sergio Endrigo. На фестивалот во Rio de Janeiro во 1970 година, за песната „Svijet je moj“ од композиторот Alfi Kabiljo го добила признанието „The most outstanding performance“, со што постанала првиот уметник, кој го добил ова признание, по Janis Joplin.
Иако 70-тите години ѝ донесле најмногу успеси, а 80-тите го потврдиле нејзиниот талент, на домашен терен таа никогаш не добила признание, какво што заслужила и какво сигурно би имала, доколку ги прифатила бројните понуди, кои пристигнувале од целиот свет. За разлика од нејзините колеги, како Tereza Kesovija i Mišo Kovač, Radojka не ги полнела концертните сали, ниту продавала албуми во милионски тиражи, но секое нејзино појавување на сцена било проследено со стоечки овации.
Првиот значаен и забележителен успех го постигнала во рок операта „Karolina Riječka“, а на сцената повторно се вратила во 2004 година, и тоа на повик на нејзините помлади колеги од групата „Divas“.
Comments