Тоше Проески - Неговите арии - 21 јануари во МОБ,20 часот

  • 12 years ago
Меѓународната фондација Тодор Проески и Министерството закултура на Република Македонија, ги започнаа подготовките за четвртиот меморијален концерт посветен на македонската музичка легенда Тоше Проески.
Концертот, како што информира Фондацијата Тодор Проески, ќе се одржи на 21 јануари и ќе биде поинаков од претходните меморијални настани, со концепт кој произлезе од големата љубов на Тоше кон класичната музика.