Меѓаши Децата Роми и натаму се најранливата категорија

  • 9 years ago
Меѓаши: Децата Роми и натаму се најранливата категорија

12.06.2015 | 15:39Македонија 24Вести
Децата Роми се сеуште најранливата категорија, стои во најновиот Извештај за остварување на правата на децата во Македонија.

Социо-економската состојба на семејството, неодговорност и неинформираност на родителите, како и немање лична документација, се само дел од причините зошто не се запишуваат во училиште или оние кои се запишани ги отпишуваат.

Во однос на образованието на децата со посебни потреби, Извештајот препорачува да се воспостави систем за евидентирање и следење на бројот на учениците.

Според извештајот расте бројот и на децата кои користат дрога, како и бројот на деца - жртви на трговија со малолетници.

Извештајот е подготвен од Македонската неформална национална коалиција на невладини организации за правата на детето, со поддршка од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Recommended