„Погледни го градот ” . Чекаше 28 години да се објави. И да има смисол: „Погледни го градот, градот што умира“ . Има смисол сега, после објавувањето во 2014 – та. V.I.S Vox се: Mayo Vox - Kлавијатури, Петар Јанков – PJ- Бас гитара и програмирање на ритам секција; Драган Гиновски -Гино– гитари; Ѓоко Мишковски –Ѓоле , Клавијатури и Рубин Кантар - Вокал. Текстот е на Mayo Vox како и основата на музиката. Аранжманите се на бендот. Влезната „стрингс“ партија ја отсвири Ѓоле на Kurzweil – от и директно ја сними во демо студијото н а Mayo Vox. Не го реплицираа ниеднаш. Тоа е оригиналната трака, којима малку дури и шум поради неквавилетни кабли. Албумот, како и видео и аудио изданието, е продуциран и издаден од Американ Колеџ Консалтинг ДОО и В И Библо ДОО. „ Погледни го градот “ е снимана во студио „Rock and Roll” Видеото е снимaно за време на настапот во живо на 19 Мај, 2013 во Младински Културен Центар МКЦ – Скопје.