Скандал со извидничкиот секс камп_ Тв 24 дознава - се вештачи телефонот на еден од организаторите

  • 3 years ago
ТВ 24 ДОЗНАВА - СЕ ВЕШТАЧИ ТЕЛЕФОНОТ НА ЕДЕН ОД ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА СЕКС КАМПОТ
Сунаи Сабриоски пон, 04.10.2021 | ТВ24
Телефонот на еден од организаторите на Првиот скопски извиднички одред одземен на вештачење, додека сите инволвирани во контроверзниот камп се повикани на информативни разговори а во меѓувреме се зголемил бројот на пријави од страна на родители чии деца биле дел од кампот на извидници, дознава ТВ24 од извори на истрагата.

Од Обвинителството појаснуваат дека во координација со МВР истражуваат што точно се случувало на кампот за кој родители обвинија за скандалозни сексуални активности во кои биле инволвирани нивните деца.

Од Првата детска амбасада „Меѓаши“ бараат одговорност за инволвираните во извидничкиот камп, ги повикаа МВР и ЈО да го расветлат случајот бидејќи според „Меѓаши“ постојат сериозни индиции за кривично дело во кое децата се жртви на манипулација и злоупотреба.

За случајот се заинтересира и Народниот правобранител кој по сосптвена иницијатива оформил предмет, денес за ТВ24 од таму велат скандалозниот камп итно да се расветли.

„Случајот треба целосно да се испита и расветли, почитувајќи го принципот на итност и со посветување на должно внимание на потребите на детето жртва, и делување во правец на избегнување на дополнителна виктимизација, координирано дејствување на сите надлежни организа, со цел заштита на најдобриот интерес на детето.“ - вели заменик-народниот правобранител, Васка

За скандалозниот извиднички камп родителите обвинија за експлицитни и контроверзни сексуални активности како секс пози пред манастир, премачкување со боја на половите органи и оставање отисоци на хамери. Премиерот Зоран Заев прашан за скандалот со извидничкиот камп кој имал сексуална конотација вели дека прв пат слушнал за скандалозниот камп.

Организатори на извидничкиот камп се Првиот скопски извиднички одред – денеска повторно молк од нивна страна. Претходно, преку соопштение, Сојузот на извидници на Македонија се огласија со став дека го суспендирале ПСИО од нивниот Сојуз.

За овој скандал, ВМРО-ДПМНЕ го обвини актуелниот градоначалник Петре Шилегов дека го финансирал кампот и Првиот скопски извиднички одред, тој пак ги отфрли сите обвинувања и го раскина договорот со Одредот.

Recommended